Рот: Бугарската блокада е сериозна политичка грешка

Пред почетокот на денешниот министерски состанок во Брисел, на кој требаше да се даде зелено светло за преговарачката рамка со Северна Македонија, претседавачот Михаил Рот порача дека бугарската блокада е „сериозна политичка грешка”.

-За жал не успеавме да постигнеме напредок за прашање кое е веќе договорено, а сето тоа поради билатерални барања на една земја членка, изјави германскиот министер за европски работи, Михаил Рот, коментирајќи го бугарското вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Поради бугарската блокада за Скопје во заложништво се наоѓа и Албанија за која голем број земји членки сметаат дека не може да биде усвоена преговарачката рамка, и поради неостварени реформи, и поради фактот што Северна Македонија е понапредна.

Рот потврди дека германското претседателство прави сѐ за да ја надмине блокадата.

-Сѐ друго би било сериозна политичка грешка на сметка на стабилноста и безбедноста на западниот Балкан, што на крајот би ја загрозило и безбедноста на цела Европа, изјави Рот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот