РОСУ упадна во Штрпце – Повеќе од 30 косовски вооружени специјалци извршија упад и ја блокираа општината

Штрпце / Фото: Принтскрин / kallxo.com/

Косовската полиција од рано утрото ја спроведува наредбата на судот и обвинителството во Урошевац за претрес на повеќе локации во Штрпце.

Обвинителот Расим Маљоку ја потврди веста за Калксо, пренесува КоССев.

„Оваа акција не е директно поврзана со дивоградба во Брезовица, туку се однесува на некои од уапсените во Брезовица, бидејќи еден од нив, односно поранешниот градоначалник Братислав Николиќ, е и координатор на дивоградбите. Овие структури управуваа со безбедносни камери кои го следеа движењето на граѓаните и јавните институции на Република Косово, а оваа информација беше проследена до безбедносните структури во Србија“, рече тој.

Маљоку нагласи дека рацијата била извршена на четири локации.

„Во тек е рација на четири локации и од нив се отстрануваат безбедносните камери. Овие нелегални структури се против правниот и уставниот поредок на Република Косово и имаат елементи на кривично дело „здружување за противуставна дејност поврзана со шпионажа“, изјави Маљоку за Калксо.
Канцеларијата за Косово и Метохија соопшти дека упадот на косовските спецјалци има за цел цел ново заплашување и малтретирање на Србите во оваа општина.

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција „повторно избраа да го нападнат Штрпце на голем празник, имајќи предвид дека денес славата на селото е Свети Јован и големиот панаѓур во Штрпце кога се собираат голем број мештани“.

„Иако единиците од Приштина многу добро знаат дека камерите, кои беа легално поставени пред речиси десет години, одамна не се во функција, а тоа го проверуваа во неколку наврати претходните денови, ова послужи како изговор за повторно да го нападнат Штрпце, да го малтретираат народот кој не може нормално да функционира“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот