Роси и Хамилтон си ги сменија „машините“ (ВИДЕО)

twitter/Lewis Hamilton

„Монстер енерџи“ кој е спонзор на Роси и на Хамилтон успеа да ја направи „замената на векот“. Така шампионот во Ф1, Хамилтон седна на моторот на Јамаха, а деветкратниот Мото ГП шампион влезе во болидот на Мерцедес од 2017 година.

Хамилтон прв пат седнува на мотор од кралската класа, откако претходно возеше мотор на Јамаха кој се натпреварува во Супербајк шампионатот, додека Роси има искуство од возење Формула 1 болиди. Тој во минатото неколку пати возеше болид на Ферари, а сега прв пат седнува во Мерцедес.


„Замената на векот“ се одржа на патеката „Рикардо Тормо“ во Валенсија, каде пред две недели се возеше последната трка од Мото ГП шампионатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот