Роналдо за малку ќе завршел во Арсенал

Кристијано Роналдо во разговор со португалската ТВ1 зборуваше за своите фудбалски почетоци, а највеќе се фокусираше на летото во 2003 година кога го напушти Спортинг Лисабон и потпиша за Манчестер јунајтед.

Меѓутоа, Португалецот откри дека Манчестер јунајтед не бил единствениот клуб кој бил заинтересиран за него и дури сега открива дека бил многу блиску до потпис со Арсенал и имал неколку разговори со тогашниот менаџер на „топчиите“, Арсен Венгер.

– Се сретнав со Венгер и зборувавме за моето доаѓање во Арсенал. Тогаш ме контактираа и Барселона, Реал Мадрид, Интер но по пријателскиот натпревар со Манчестер јунајтед сè се смени. Јунајтед ги интензивира преговорите и на крајот потпишав за нив – изјави Роналдо.

Англиските медиуми веднаш по интервјуто на Роналдо, објавија тим од најдобрите 11 фудбалери кои Венгер за малку не ги ангажирал. Најблиску до трансфер бил Златан Ибрахимовиќ кој дури имал и фото сесија, но има уште неколку големи фудбалски имиња со кои Венгер преговарал.

Најзвучни имиња се тие на Меси, Роналдињо, Погба, Варан, Буфон…
Доколку успеал да ги ангажира сиве овие фудбалери, нема сомнение дека Арсенал би доминирал како во Премиер лигата така и во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот