Роналдо: Време е да барам нов предизвик, му посакувам сè најдобро на Манчестер јунајтед

Неславно заврши вториот мандат на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо денеска спогодбено раскина со Манчестер јунајтед и повеќе нема да биде играч на славниот англиски клуб.

Вториот мандат на Португалецот на „Олд Трафорд“ заврши на неславен начин, а Роналдо се огласи и им испрати порака на навивачите.

– По разговорите со раководството на Манчестер јунајтед постигнавме договор за прекин на соработката. Го сакам Манчестер и ги сакам навивачите на овој клуб, тоа никогаш нема да се промени. Мислам дека е време да барам нов предизвик. Му посакувам сè најдобро на Манчестер јунајтед – објави Роналдо.

Еден од најдобрите во историјата на фудбалот, моментно е со португалската репрезентација на Светското првенство во Катар.

Првиот меч на Мундијалот избраниците на селекторот Фернандо Сантош ќе го имаат в четврток (24 ноември) во Доха против Гана.

ВИДЕО За среќа Роналдо е богат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот