Роналдо: Во последно време се почесто мислам на животот по фудбалот

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерот на Јувентус и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, во последно време се почесто мисли на животот по фудбалот и веќе не се плаши од предизвиците кои го очекуваат. Португалецот кој наскоро ќе наполни 35 години, е свесен дека полека се приближува крајот на богатата професионална кариера и дека ќе мора да се фокусира на други нешта надвор од терените.

– Во последните пет години, се почесто размислувам за животот надвор од фудбалот. Засега уживам во овој процес но кој знае што ќе се случува една-две години. Морате да бидете подготвени и за тоа сценарио – вели Роналдо.

Португалецот кој е познат како неверојатен работник, кој максимално е посветен на тренинзите и одржувањето на формата, вели дека во последно време поголемо задоволство му претставуваат победите.

– Не сум опседнат со тренинзите. Повеќе сум опседнат и се фокусирам на успесите, победите и тоа е сосема поинаков фокус. Тренинзите се поретко ми претставуваат задоволство како што беше во минатото. Живеам за да ги забавувам фановите и луѓето кои го сакаат Кристијано. Тука не станува збор за годините, туку во прашање е менталитетот – додава Роналдо кој и со неполни 35 години е еден од најдобрите светски фудбалери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот