Роналдо во обид да го надмине рекордот на Шевченко

фото: твитер

Португалскиот фудбалер в среда би можел да оствари уште еден голем подвиг во својата богата фудбалска кариера.

Кристијано Роналдо со својот Јувентус утре од 21.45 часот во рамките од 33 коло во Серија А ќе игра на гостувањето кај Сасуоло Со нови три бода „Старата дама“ ќе биде уште поблиску до одбрана на шампионската титула во првенството.

Роналдо би можел да биде единствениот играч во историјата на фудбалот кој реализирал барем по 50 голови во Премиер лигата, Ла Лига и Серија А.

Освен тоа, со оглед на тоа дека постигна 49 голови во 59 натпревари, би можел да биде и најбрзиот кој успеал да го направи тој подвиг.

Легендарниот Бразилец Роналдо до своите 50 голови дојде после 70 натпревари, додека Украинецот Андриј Шевченко успеа за натпревар помалку да го оствари истиот број на погодоци.

Дури и да не успее португалскиот Роналдо против Сасуоло, ќе има уште доста време и шанси, бидејќи Шевченко со 50 голови на 69 натпревари и натаму е рекордер.

Кристијано во Торино дојде пред две години, досега реализираше 84 голови во Премиер лигата за Манчестер јунајтед, дури 311 во Ла Лига за Реал Мадрид, а сега му недостасува уште еден за Јуве до јубилејниот 50 погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот