Роналдо во новиот англиски „проект“ заедно со Бејл!?

twitter/juventusfc

Првата sвезда на Јувентус ќе биде првата „мета“ на Њукасл. Според италијанските медиуми, Роналдо има богата понуда од премиерлигашот на две години во моментот кога се шпекулира дека тој не е задоволен во Торино.

Новите арапски сопственици на Њукасл веќе контактирале со Португалецот и му ги доставиле плановите. Еден од нив е дека Роналдо може да го напушти „Ст. Џејмс Марк“ после една сезона доколку не му се допадне проектот.

Парите секако нема да бидат проблем, бидејќи Њукасл ќе го предводи принцот од Саудиска Арабија Мохамед бин Салман, кој веќе најави големи засилувања како Герет Бејл од Реал Мадрид.

Во последните неколку недели често се пишуваше за лошите односи помеѓу Роналдо и тренерот Маурицио Сари, а тоа е уште една причина зошто би можел Португалецот да ги напушти италијанските шампиони.

Односно да се врати на местото на успехот, откако беше шампион на Англија и Европа со Манчестер јунајтед, пред да замине во Реал Мадрид, а потоа и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот