Роналдо в сабота ќе го игра 1.000 натпревар во кариерата! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Во дресот на најдобрата португалска фудбалска репрезентација има 99 голови, девет помалку од рекордерот, Иранецот Али Даеи.

Од 2002. година, Роналдо одигра 999 натпревари за 18 сезони и до бројката 1.000 ќе дојде најбрзо од сите 29 претходници.

Во сабота (22 февруари) од 18.00 часот во рамките од италијанската Серија А се очекува Роналдо да го има во составот на Јувентус на гостувањето кај СПАЛ, а секако и одлична шанса со гол(ови) да го круниса овој јубилеј.

Рекордер на вечната листа со најголем број на натпревари е Питер Шилтон (1.390), а фудбалерот на Јуве без сомнение се очекува да биде барем во Топ 10, и го престигне Џалма Сантос (1.064).

На 5 февруари Португалецот го прослави 35. роденден, а „Тутоспорт“ тогаш објави дека сите параметри покажуваат дека играчот има тело на 28-годишник.

Стрелец на 724 голови со импресивен просек од 0,72 погодоци по меч. За португалската репрезентација има 99 голови, девет помалку од рекордерот, Иранецот Али Даеи.

Во последните 10 кола во Серија А беше стрелец (15 голови), му недостасува уште еден меч да гo достигне рекордот на легендарниот Габриел Батистута кој реализираше на 11 дуели во низа. Постигнуваше голови буквално во сите натпреварувања, вкупно 22.

ГОЛОВИ ПО НАТПРЕВАРУВАЊЕ –

Ла Лига – 311
Лига на шампиони – 128
Премиер лига – 84
Серија А – 41
Квалификации за ЕП – 31
Квалификации за СП – 30
Копа дел Реј – 22
Пријателски натпревари – 17
ФА Куп – 13
Европско првенство – 9
Светско првенство – 7
СП за клубови – 7
Лига куп – 4
Суперкуп на Шпанија – 4
Португалско првенство – 3
УЕФА Лига на нации 3
Куп на Португалија – 2
Суперкуп на Европа – 2
Куп на конфедерации – 2
Куп на Италија 2
Квалификации за ЛШ – 1
Суперкуп на Италија – 1

НАТПРЕВАРИ И ГОЛОВИ ПО КЛУБ –

Спортинг Б – 2 натпревари, 0 голови
Спортинг – 31 натпревар, пет голови
Манчестер јунајтед – 292 натпревари, 118 голови
Реал Мадрид – 438 натпревари, 450 голови
Јувентус – 72 натпревари, 52 голови
Португалија – 164 натпревари, 99 голови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот