Роналдо ужива играјќи покер  

Луис Назарио да Лима Роналдо, фудбалската кариера ја заврши пред осум години и оттогаш постојано бара хоби кое ќе му донесе задоволство и радост во пензионерските денови.

Уште додека беше активен фудбалер, глумеше во бразилска ТВ серија, каде имаше улога на главен тренер на женска екипа.
Заедно со легендарниот формула 1 возач, Емерсон Фитипалди беа сопственици на „Тим Бразил“ кој се натпреваруваше во А1 гран при трките од 2005 до 2009 година но не истварија забележителни резултати.

Потоа отвори агенција за односи со јавност „9INE“ и клиенти едно време му беа Нејмар и Рафаел Надал.
Бидејќи не може беа фудбалот, Роналдо прво го купи американскиот тим Форт Лодердејл страјкерс, а минатата година за сума од 27 милиони фунти купи 51% од акциите на шпанскиот Ваљадолид.

Сепак, најголемо задоволство во пензионерските денови му е покерот. Тој е редовен учесник на покер турнирите во Бразил, и досега најголема парична награда која ја освоил од покер турнир изнесува 35.000 евра.

– Морав да најдам нешто во кое ќе се натпреварувам и по фудбалот, а покерот го обожувам – вели Роналдо, кој моментно се наоѓа на 734. место  на ранг листата на најдобри играчи во покер во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот