Роналдо: Тешко е да се каже во моментов, не знам дали ќе го напуштам Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо имаше ексклузивно интервју со Пирс Морган/фото: Принтскрин/Youtube/Piers Morgan Uncensored

Кристијано Роналдо призна дека „не знае“ дали ќе остане во Манчестер jунајтед по Светското првенство во Катар. Вториот дел од ексклузивното интервју на 37-годишниот Португалецот со Пирс Морган на „ТалкТВ“ беше емитувано во четвртокот вечерта, со напаѓачот крајно критичен кон менаџерот на клубот, Ерик тен Хаг.

Се верува дека клубот од „Олд Трафорд“ размислува да го раскине договорот со португалскиот репрезентативец поради интервјуто кое предизвика многу реакции во фудбалскиот свет. Роналдо изјави дека не е сигурен што ќе се случи во однос на неговата иднина на клупско ниво, бидејќи моментално се фокусира само на претставување на својата земја на претстојниот Мундијал во Катар.

Кристијано Роналдо со нови обвиненија: Тен Хаг ме провоцираше

– Тешко е да се каже во моментов, бидејќи моето расположение е, во моментов, фокусирано на Светското првенство. Не знам што ќе се случи по Светското првенство, но како што ви кажав претходно, и ќе кажам повторно, навивачите секогаш ќе бидат во моето срце. И се надевам дека ќе бидат покрај мене, дури и доколку се вратам или ако не се вратам, или ако останам или што и да е. Никој не е совршен, ќе правам грешки. Епизодите во животот што сите го имаме се дел од тоа да се биде човек, дел од тоа што сум човек и татко исто така – вели Роналдо.

Роналдо кажа дека кога пристигнав во Манчестер јунајтед, отсекогаш сакаше да биде на располагање да му помогне на тимот и да ги направи добрите работи, да ги стави на вистинските места, да се натпреварува со најдобрите тимови. Но, тешко е кога имаш „отсечени нозе“, и не сакаат да блескаш и не ги слушаат твоите совети.

ВИДЕО | Роналдо: Ќе се пензионирам доколку Португалија годинава биде светски шампион

– Сè уште верувам дека можам да постигнам многу голови, бидејќи сè уште верувам дека сум сè уште добар и способен да помогнам и во репрезентацијата на Португалија, дури и на Манчестер Јунајтед. Но, доколку не чувствувате околу вас дека енергијата е на ваша страна, тешко е. Се разбира, критиките ќе постојат. „Ах, тој има 37 години, тој не е истиот“. Но, сакам да видам дали некој на моја возраст може да го задржи нивото што го покажувам – рече Роналдо.

Потврди дека во текот на летото му бил понуден профитабилен договор за преселба во Саудиска Арабија, но тој сакал да остане на „Олд Трафорд“ и покрај шпекулациите. Еве кои селекции воедно ги гледа како фаворити на СП 2022:

– Португалија не е фаворит, никогаш не е фаворит. Според мене, би ги идзвоил можеби Франција, тука би ја поставил и Шпанија, Аргентина, Германија, секако и Бразил. И Англија има шанса, заедно покрај Португалија – се зборовите на Роналдо.

ВИДЕО | Роналдо и Пирс Морган зборуваат за Сити, Руни, Невил, критики за младите фудбалери…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот