Роналдо стана милијардер, но е далеку од најбогат фудбалер на светот

Титулата на најбогатиот фудбалер не му припаѓа на мегаѕвездата Кристијано Роналдо кој неодамна стана милијардер, туку на фудбалер за кого најверојатно никогаш не сте слушнале.

Станува збор за Фаик Болкијах 22-годишен фудбалер кој е капитен на репрезентацијата на Брунеи.

Болкијах е член на кралското семејство на оваа мала и богата држава, тој е внук на принцот на Брунеи, Џефри Болкијах.

Богатството на Фаик Болкијах изнесува неверојатни 20 милијарди долари, а колку за споредба богатството на Кристијано Роналдо се проценува на 450 милиони долари, додека Португалец има заработено една милијарда долари.

Тој од 2016 година е член на Лестер, но никогаш не доби шанса да заигра за првиот тим, одигра само неколку натпревари за втората екипа и тоа пријателски.

Болкијах беше дел од академијата на Челси преда да се пресели во Лестер, а за репрезентацијата на Брунеи досега одигра шест натпревари на кои постигна еден гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот