Роналдо слободно може да го смени спортот, повеќе наликува на бодибилдер отколку на фудбалер (ФОТО)

Португалецот не мирува додека се наоѓа во карантин поради коронавирусот.

Кристијано Роналдо заедно со семејството веќе одредено време е во карантин во родната Мадеира, и за тоа време ништо не препушта на случајот.

Неговата сестра Катја Авеиро на нејзиниот профил на Инстаграм откри како Кристијано го поминува времето во самоизолација. Роналдо речиси секој слободен момент, а во карантин го има и премногу, го користи да вежба.

Тој во својот дом има теретана и неколка часа дневно поминува во неа.

„ Продолжуваме да се бориме, дома со семејството, така што го чуваме нашето тело и ум, напиша Катја под фотографијата на која Кристијано позира пред камерата.

Според изгледот, Кристијано Роналдо слободно може да го смени спортот и од фудбалот да се префрли на бодибилдинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот