Роналдо се враќа во Италија, му претстои карантин

Кристијано Роналдо /

На италијанските клубови ќе им биде дозволено да продолжат со индивидуалните тренинзи на 4 мај, а исто така ќе можат да тренираат во групи од 18 мај.

Еден од најискусните фудбалери на Јувентус, Кристијано Роналдо, во вторник се очекува да се врати во Италија.

Според „Рекорд”, управата на италијанскиот фудбалски шампион ги повикува своите странци кои треба да бидат ставени во карантин две недели по враќањето во Торино.

Веднаш потоа играчите на „Старата дама“ ќе продолжат со тренинзите. Изминативе неколку недели, Роналдо е со семејството во Мадеира, каде продолжи да ја одржува својата форма.

И натаму не е познато дали Гонзало Игуаин ќе се врати на Апенините, моментно е со својата болна мајка во Аргентина.

На италијанските клубови ќе им биде дозволено да продолжат со индивидуалните тренинзи на 4 мај, а исто така ќе можат да тренираат во групи од 18 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот