Роналдо се спаси од затвор

EPA-EFE/JAVIER LIZON

Кристијано Роналдо избегна евентуална затворска казна откако денеска е повлечена тужбата против него во која беше обвинет за силување. Роналдо беше тужен од страна на Кетрин Мајорга која го обвини Португалецот дека во 2009 година ја силувал во хотел во Лас Вегас.

Адвокатите на Мајорга и на Роналдо одбиваат да коментираат која е причината за повлекувањето на тужбата ниту потврдуваат или демантираат дали дошло до вонсудска спогодба.

Германскиот весник „Шпигел“ откри дека Роналдо на полицијата во Лас Вегас и признал дека на Мајорга и платил 375.000 долари на Мајорга да молчи за скандалот кој се случи веднаш откако тој потпиша за Реал Мадрид во 2008 година. Тој се бранеше дека Мајорга своеволно дошла во неговата соба во Палс хотелот во Лас Вегас и таа се согласила да имаат секс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот