Роналдо се договорил со ПСЖ но работата пропаднала поради пандемијата

Кристијано Роналдо/ EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Кристијано Роналдо нема многу опции и останува во Јувентус и наредната сезона, но доколку не се појавеше коронавирусот тој сега ќе беше член на друг тим.

Португалецот вчера потврди дека ќе и во наредната сезона ќе игра во Јувентус, со што се стави крај на шпекулациите за неговата иднина.
Шпекулациите започнаа уште во февруари годинава, Роналдо наводно бил разочаран од играта на Јувентус и дека може на крајот од сезоната да си замине од Торино.

Роналдо ги реши дилемите околу својата иднина: Одите по моето трето Скудето

Оваа опција била во игра и кај двете страни, 35-годишниот Португалец би добил поголема плата од таа што ја има во Италија која изнесува 30 милиони евра, додека Јувентус би заработил од неговата продажба и би се ослободил од големата плата. Клубот кој имал усен договор да го донесе Кристијано Роналдо е францускиот ПСЖ.

Според неофицијални информации, Роналдо би добил неверојатна плата од 50 милиони евра со што конечно би му се исполнила желбата да заработува повеќе од Лионел Меси, додека ПСЖ би оформил неверојатно трио во нападот со Роналдо, Нејмар и Мбапе. Дел од платата на Роналдо би се исплаќала како и таа на Нејмар, преку спонзорски договори со катарските фирми.

Сопствениците на ПСЖ, кралското семејство на Катар, сметале дека Роналдо кој е најпопуларен светски спортист ги придонел за подобрување на имиџот на државата и би станал амбасадор на светското првенство 2022 година кое треба да се одигра токму во оаа земја.

Трансферот би се реализирал така што ПСЖ ги доплатил одредена сума на пари и би го пратил во Торино Мауро Икарди. Претседателот на Јувентус, Ањели имал неколку средби со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш и начелно се согласиле за овој трансфер, но работите ги расипа пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот