Роналдо поради скијање и девојката ги прекршил корона протоколите

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Кристијано Роналдо моќе да се соочи со нови проблеми во Италија бидејќи заминал на скијање за да го прослави роденденот на неговата девојка Георхина и се би било во ред доколку тие не заминале во регион кој е од средно до високоризичен кога станува збо за коронавирусот.

Патувањата во „Val’d Aost“ не се дозволени според актуелните корона протоколи во Итлаија и исклучок се само оние лица кои имат недвижнини во оваа високоризична област.

Португалецот вчера не беше дел од тимот на Јувентус кој со 4:0 го совлада Спал и се пласира во полуфиналето на Купот на Италија и тоа го искористи за да „избега“ од Торино и да замине на скијање. Новинската агенција АНСА објави дека полицијата ги истражува постапките на Роналдо.

Кристијано Роналдо и претходно имаше проблеми со корона протоколите во Италија бидејќи по репрезентативните обврски на кои се зарази со корона, во Италија пристигна со приватен авион иако требаше да остане во карантин во Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот