Роналдо по шпекулациите: Нема да им дозволам да си играат со мојот углед

По секоја цена сака да си оди од Торино и Серија А/Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Само во текот на денешниот ден доста се зборуваше, шпекулираше околу иднината на еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо.

Португалецот кој има уште една година од договорот со Јувентус, бројни странски медиуми го поврзуваа со трансфер во врвни клубови.

Најпрвин „Ел Чирингито“ објави дека тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти наводно побарал од управата на клубот да го врати 36-годишниот фудбалер на „Сантјаго Бернабеу“.

Веднаш демантираше стратегот на „кралевите“ дека нема никаква вистина во тоа, со секоја почит кон Роналдо.

Потоа, „Дејли Мирор“ објави дека Манчестер јунајтед има некаква шанса да ја врати својата поранешна ѕвезда на „Олд Трафорд“ ова лето бидејќи Јуве има намера да се ослободи од португалскиот играч.

Таму некаде веднаш по објавувањето на Лионел Меси во ПСЖ, се објави шпекулација дека можно е и Роналдо да се пресели во Париз бидејќи Килијан Мбапе наводно не сакал да игра со Аргентинецот и дека сака да се пресели во Реал Мадрид. „Париските светци“ немаат намера да го ангажираат Роналдо, односно со сите сили ќе се обидат да го задржат Мбапе.

„Кориере дело Спорт“ информираше дека агентот на Роналдо, Жорге Мендеш ги понудил услугите на Португалецот на Манчестер сити.

За Португалецот денешните шпекулации се само приказни/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Роналдо денеска реагираше преку социјалните мрежи со свој коментар околу сите овие написи околу неговата иднина, а особено се осврна на Реал каде што ги постигна најголемите успеси во својата кариера.

– Сите што ме познаваат знаат колку сум посветен на работата. Помали приказни, повеќе акција, тоа е моето мото од почетокот на мојата кариера. Сепак, имајќи го предвид сето она што беше кажано и напишано неодамна, морам да ја појаснам мојата позиција.

Повеќе од тоа непочитување кон мене како човек и играч, таа површна приказна за тоа каква е мојата иднина е знак на непочитување на сите клубови вклучени во тие гласини, како и нивните играчи и тренери. Мојата приказна во Реал е испишана. Забележано е сè. Со зборови и бројки, трофеи, рекорди и во титулите. Сè е во музејот на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ и во главите на секој навивач на клубот. И покрај тоа што го постигнав, се сеќавам дека имав близок однос и почит за тие девет години кој навивачите, тоа е љубов и почит е она на кое се враќам денес и тоа е нешто што секогаш ќе ми биде при срце. Знам дека вистинските навивачи на Реал ќе продолжат да ме држат во нивните срца како и јас нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Еднакво како и оваа последна епизода во Шпанија, честопати имаше вести и приказни кои ме доведоа во контакт со голем број клубови во други лиги, без никој да биде заинтересиран да дознае што е вистина. Затоа ја прекинувам тишината да кажам дека не може да дозволат луѓето да си играат со моето име. Останувам фокусиран на кариерата и работата, посветен сум да бидам подготвен за сите предизвици со кои треба да се соочам. Сè друго? Сè друго е само приказна – напиша Роналдо на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот