Роналдо нема да игра против Трајковски во финалето на Суперкупот на Саудиска Арабија

фото: EPA-EFE/STR

Ги имаме финалистите на Суперкупот на Саудиска Арабија, тие се екипите на Ал-Итихад и Ал Феиха чии бои ги брани македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Нашиот играч беше на клупата за резервни играчи, но не настапи во победата на Ал Фејха (1:0) против Ал-Хилал.

Кристијано Роналдо нема да се бори во првиот месец за првиот трофеј во Саудиска Арабија со неговиот нов клуб, откако неговиот Ал-Наср загуби во полуфиналето од Ал-Итихад со 3:1.

Португалецот кој ќе добива околу 200 милиони евра годишно и втор меч по ред завршува без погодок за Ал-Наср.

Поразот на клубот на Роналдо е огромно изненадување бидејќи на хартија ја имаше фаворитската улога, но на теренот имаше целосно друга слика. Ал Итихад беше подобар и се избори за пласман во мечот за пехарот. Ал-Наср ја добива потребната поддршка од своите навивачи, но во овој период не им се возвраќа со посакувани резултати.

Финалето меѓу Ал Фејха и Ал-Итихад ќе се игра на 29 јануари на „Кинг Фахд“ меѓународниот стадион во Ријад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот