Роналдо нема да игра против Хрватска вечерва бидејќи го каснала пчела?!

epa08004016 Portugal's Cristiano Ronaldo celebrates after the UEFA Euro 2020 Qualifying round Group B match between Luxembourg and Portugal in Luxembourg, 17 November 2019. EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Натпреварот од првото коло во Лигата на нации помеѓу Португалија и Хрватска требаше да биде едно од најголемите дерби дуели во септемврискиот циклус од Лигата на нации, но во последен момент „загуби на убавина“.

Најдобрите фудбалери на двете репрезентации, Кристијано Роналдо и Лука Модриќ нема да настап на овој натпревар. Реал Мадрид го замоли хрватскиот селектор Златко Далиќ да го „поштеди“ Модриќ, додека Роналдо сам се повлече поради бизарна причина.

Португалецот ќе го пропушти натпреварот со Хрватска бидејќи го казнала пчела, односно поради инфекцијата која ја предизвикал убодот.

Роналдо во средата бил каснат од пчела на прстот на десната нога и иако докторите му препорачале терапија – таа не дала резултат и фудбалерот на Јувентус одлучи да не ризика и да го прескокне вечерашниот дуел против Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот