Роналдо направи „скандал“ по дуелот со Милан! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Стратегот на италијанскиот шампион, Маурицио Сари, не гледа ништо лошо во тоа што Кристијано Роналдо откако беше заменет на дербито со Милан, веднаш отиде во соблекувалната.

– Направи сé што е можно да игра, но видов дека не се чувствува добро, па решив да го заменам. Природно е дека играчот ќе се изнервира кога ќе го напушти теренот, особено откако ќе направи ваква работа – рече Сари.

Роналдо имал проблеми со повреда добиена на тренинг.

– Тој имаше мал проблем со коленото по судир на тренинзите. Кога игра или тренира со висок интензитет, ова го става надвор од рамнотежа, и затоа на крајот му штети на мускулите. Ова влијае на неговиот настап. Во моментов не е во најдобра состојба – додаде Сари.

Во моментот кога беше заменет португалскиот репрезентативец бил крајно незадоволен и во себе наводно упатил пцовки кон тренерот Сари.

Информациите велат дека Роналдо после откако беше заменет, го напуштил стадионот уште пред да заврши мечот што предизвика негативни реакции.

Јувентус синоќа во 12. коло од шампионатот го победи Милан со 1:0. Стрелец на голот беше Пауло Дибала кој влезе на местото на Роналдо во 55. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот