Роналдо му донесе историски триумф на Јувентус (ВИДЕО)

твитер

Фудбалерите на Јувентус во рамките на 22. коло од Серија А со 3:0 ја совлада Фиорентина благодарение на Матијс де Лихт и двата гола на Роналдо.

Со овој триумф, „старата дама“ стана првиот тим кој дошол до бројката од 1.600 победи во историјата на Серија А.


Домашниот тим доминираше на теренот, имаше поголем посед на топката, а беше и поконкретен во нападот. Сепак, до првиот гол дојде преку удар од белата точка.


Кристијано Роналдо во 40. минута беше прецизен и донесе водство на Јувентус, а притоа ја продолжи серијата да постигнува голови на секој наптревар. Ова беше деветти натпревар во низа во Сериј А на кој постигнува барем еден гол.

Португалецот во 80. минута го зголеми водството на идентичен начин, со прецизно изведен пенал, што беше негов 50. во дресот на Јувентус.
Конечниот резултат го постави Матијс де Лихт во судиското продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот