Роналдо: Можеби Руни ме критикува затоа што изгледам подобро од него

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN (Rooney) - EPA-EFE/PETER POWELL (Ronaldo)

Кристијано Роналдо вчера предизвика бурни реакции во јавноста со неговото интервју кај Пирс Морган. Португалецот освен што зборуваше за Тен Хаг и Манчестер Јунајтед одговори и на критиките од Вејн Руни.

Вејн Руни во последниот период често пати го критикуваше Роналдо поради неговиот однос кон клубот и настапите на теренот, а сега стигна одговорот од португалскиот ас.

„Не знам зошто толку многу ме критикува. Можеби затоа што тој ја заврши кариерата, а јас се уште играм на високо нвио. Не сакам да кажам дека изгледам подобро од него, иако е навистина така“, изјави Роналдо.

Дел од неговото интервју за Пирс Морган беше објавено вчера вечерта по победата на Манчестер Јунајтед против Фулам во Премиер лигата. Херој на Манчестер Јунајтед во тој натпревар против Фулам беше младиот Алехандро Гарначо кој игра во одлична форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот