Роналдо: Медиумите ве лажат, вистината ќе ја дознаете за неколку недели

Заврши љубовта меѓу Кристијано Роналдо и „црвените ѓаволи“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо со своите 37 години нема време да го чека Манчестер јунајтед да развие тим кој би можел да им конкурира на Манчестер сити и Ливерпул во Англија, а не сака да изгуби уште една сезона надвор од Лигата на шампионите.

Според многумина враќањето на Португалецот во дресот на „црвените ѓаволи“ беше нелогично, но тој има договор, а клубот не сака да го продаде по ниту една цена, туку да биде нивна главна поддршка во формирањето на новата екипа.

Сепак последните информации велат дека на „Олд Трафорд“ се подготвени да го раскинат договорот на играчот кој не се ни поздрави со менаџерот Ерик тен Хаг по дебаклот во Брентфорд.

Навивачите негодуваат за непочитувањето што го покажува кон клубот, а останаа шокирани кога во една од дискусиите на социјалните се вклучи и самиот Роналдо.

– Вистината ќе ја дознаете кога ќе ме интервјуираат за неколку недели. Медиумите ве лажат. Имам тетратка во која во последните неколку месеци напишав 100 вести во кои сум спомнат, а само пет се точни. Замислете како е – напиша Роналдо на „Инстаграм“.

Илон Маск на Твитер напиша дека го купува Манчестер Јунајтед, па објасни дека се шегувал

Јунајтед со вклучи во трката за потписот со Обамејанг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот