Роналдо ќе го напушти Манчестер доколку не се исполни една цел

Роналдо веќе е незадоволен од ситуацијата во која се наоѓа Манчестер јунајтед оваа сезона/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Португалецот одлучи, доколку не биде како што тој посакува, можно е да се раздели со „црвените ѓаволи“ повторно, но овојпат после само една година.

Кристијано Роналдо годинава се врати на „Олд Трафорд“ и веднаш стана лидер на екипата, а со неколку голови им донесе радост на навивачите на премиерлигашкиот гигант.

Но, и покрај тоа, има еден куп гласини дека Португалецот не може да спаси клуб кој има многу осцилации, и можно е да си замине доколку не биде исполнета целта.

А дојде по трофеи. Секако, тој ја сака титулата во Лигата на шампионите, трофеј што го нема освоено со години. Но, тоа е малку нереална цел, исто како освојувањето на Премиер лигата, но она што дефинитивно би го оддалечило Роналдо од „Олд Трафорд“ е евентуалниот неуспех да се избори за место во ЛШ.

Роналдо сака секоја година да игра во Лигата на шампионите и доколку Јунајтед го нема следната година, тој е решен да си замине и тоа веќе им го соопшти на блиските во клубот.

По 11 кола „црвените ѓаволи“ се само на шестото место со 17 бодови, а со оглед на силната конкуренција сезонава, вистинско прашање е дали би можеле да стигнат до една од првите четири позиции на табелата.

Нови детали од соблекувалната на Јунајтед, ѕвездите му се лути на Солскјер

36-годишниот Роналдо оваа сезона постигна четири гола на осум натпревари во Премиер лигата, додека во неговото омилено натпреварување – Лигата на шампионите, постигна пет гола на четири натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот