Роналдо ќе се разочара: Познат новиот клуб на Де Лихт!

twitter.com/kobinaessel39

Скоро е сигурно дека Де Лихт (19) ќе го напушти Ајакс после одличната сезона. За него во трката се најдоа европските гиганти ПСЖ, Манчестер јунајтед, Баерн, а меѓу нив и Јувентус.

Во финалето од Лигата на нации, ѕвездата на Јуве, Кристијано Роналдо после дуелот му постави едно интересно прашање на Де Лихт.

Но, најновите информации кои ги пренесуваат шпанските медиуми нема да му се допаднат на Роналдо.

Тие објавија денеска дека Ајакс и Барселона постигнале договор околу трансферот и сега се чека капитенот на холандскиот клуб ја прифати понудата на Каталонците.

Според „Радио Каталуња“, Барса и Ајакс се договориле за обесштетување од 75 милиони евра, а конечната потврда би требало да биде на почетокот од наредниот месец.

Де Лихт може и да го одбие тимот од „Камп Ноу“, да се предомисли и биде во потрага по подобри услови од некој друг клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот