Роналдо ја шокираше фудбалската јавност

фото: твитер

Повеќекратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо има 34 години, но според формата и начинот на кој игра на теренот изгледа како да е помлад.

Во разговор за „TVI“ рече дека наредното лето би можел да ја заврши кариерата, но исто така би можел да игра уште најмалку шест години.

– Би можел во наредната година да ја завршам кариерата, но можам да играм и до својата 40 или 41 година. Не знам, тоа што можам да кажам е дека уживам во секој момент – рече Роналдо.

Тој додаде дека ниту еден играч има повеќе рекорди од него и веќе е дел од фудбалската историја.

Има договор со „Старата дама“ до 2022 година, пред тоа ги бранеше боите на Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот