Роналдо ја доби најлудата понуда: Трофеи, играње во ЛШ, прекрасни планини…

Кристијано Роналдо ќе биде со соиграчите на Јунајтед на подготовките во Осло, Норвешка/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо по само една година сака да си замине од Манчестер јунајтед и веќе ја информирал управата да ја прифати првата добра понуда.

Роналдо не е задоволен од состојбите во Јунајтед кој минатата сезона ја заврши на шестото место и не обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Тој смета дека екипата не е доволно квалитетна да се бори за титулата во Премиер лигата и затоа не сака да го губи времето на „Олд трафорд“.

Португалецот нема ништо против новиот менаџер Ерик тен Хаг кого го информирал дека ќе задоцни на подготовките за новата сезона кои започнуваат денеска.

Како причина за доцнењето од неколку дена, Роналдо навел семејни причини и тоа било прифатено од управата на клубот.

Неговиот агент Жорге Мендеш веќе му бара нов клуб на Роналдо, во медиумите се споменуваше трансфер на Португалецот во Челси, Наполи, Рома, Баерн Минхен, Реал Мадрид…

Сега се појави ново име, Салцбург кој ја има најлудата понуда до Роналдо. Австрискиот тим на официјалниот профил на Твитер објави шеговита порака во која наведува што може да му понуди на Роналдо:

– Трофеи, играње во Лигата на шампионите, прекрасни планини, најталентирана екипа во Европа – напиша Салцбург.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот