Роналдо имаше нешто да го праша Де Лихт! (ВИДЕО)

twitter.com/kobinaessel39

Де Лихт со Холандија во големото финале од УЕФА Лигата на нации загуби од селекцијата на Португалија со 1:0.

Со настапот на стадионот „Драгау“, младиот де Лихт влезе во историјата како најмлад Холанѓанец кој настапил во едно финале со 19 години и 10 месеци.

После мечот имал една интересна и кратка средба со Кристијано Роналдо кој пак му порача да потпише за Јувентус.

– Роналдо ми рече дека треба да потпишам за Јувентус. Првин ме праша дали сакам тоа да го направам. Бев малку шокиран од прашањето и поради тоа следуваа насмевки. Не го разбрав веднаш, но потоа ми беше јасно – вели де Лихт.

Додаде уште дека сега ќе оди на одмор и добро ќе размисли што е најдобро за него и ќе донесе одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот