Роналдо и Зидан повторно со ист клуб: Француски великан се подготвува за сензационален трансфер

Real Madrid's head coach Zinedine Zidane (L) talks with Cristiano Ronaldo (R) during the UEFA Champions League EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Французите ја прекинаа сезоната во Лига 1 и на основ на состојбата на табелата при прекинотм ги одредија шампионот, патниците во европските купови како и тимовите кои ќе испаднат.

Еден од оние тимови кои се задоволни со ваквиот расплет на сезоната е Олимпик Марсеј кој како второпласиран во наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Тие имаа шест бода предност пред третопласираниот Рен кој ќе игра во квалификациите на ЛШ.

Олимпик Марсеј уште сега се подготвува за новата сезона, а дополнителен ветер во грбот може да им бидат најавите за влегување во клубот на милијардерот Мохамед Ајахи Ајрудија, 68-годишен Тунижанец. Ајрудија е подготвен да инвестира голема сума на пари за Олимпик Марсеј да може да го предизвика засега неприкосновениот во Франција, ПСЖ, а желбите му во тимот да ги донесе Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо.

– Нов тренер? Актуелниот тренер Андре Вилјас Боаш е многу добар, но што би можело да биде подобро од човекот чија кариера тргна токму оттука, Зинедин Зидан. Иднината ќе покаже – вели Ајрудија за „Ле Фигаро“ и најави дека доколку пристигне Зидан, тогаш сигурно е дека ќе пристигне и Роналдо.

– Знаете, јас сакам дисциплинаи респект, а тие две одлики го красат Кристијано Роналдо, играч кој никогаш не можам да го заборавам. Дали сонувам за тоа да го донесам во Марсеј? Во животот се е возможно, би било одлично да го имаме во Марсеј, но последниот збор ќе го има Мурат Буджелал.

Инаку, Буджелал во француските медиуми се споменува како нов претседател на Олимпик Марсеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот