Роналдо и Варан носат нов тренер во Манчестер јунајтед?!

Роналдо и Варан освен во Јунајтед, играа задно и во Реал Мадрид/ фото: EPA/JuanJo Martin

Манчестер јунајтед го сака Зинедин Зидан како наследник на Оле Гунар Солскјер на клупата.
Оваа вест ја пласира весникот „Тајмс“ кој пишува дека Зидан сепак е заинтересиран на седне на клупата на „црвените ѓаволи“,

Сопствениците на Манчестер јунајтед, семејството Глејзер, ја загуби довербата во Солскјер и веруваат дека позицијата на табелата, играта и резултатите не во согласност со квалитетите на екипата и поради тоа сакаат да го донесат Зидан.

Според сопствениците на Јунајтед, Зидан е идеален избор за „тешката“ соблекувална и тоа го докажа во Реал Мадрид каде мораше да биде лидер и авторитет меѓу бројните ѕвезди на екипата.
Зинедин Зидан не толку сигурен дека сега е идеалниот момент да дојде во Манчестер јунајтед, повеќе би сакал да ја преземе екипата по завршување на сезоната, но во клубот се надеваат дека одличните односи со Кристијано Роналдо и Рафаел Варан ќе ги премислам Французинот.

И Роналдо и Варан беа клучни играчи во Реал Мадрид кога екипа освои три титули во Лигата на шампионите.

Зидан е без ангажман уште од изминатото лето кога одлучи да си замине од Реал Мадрид бидејќи не освои ниту еден трофеј. Негова голема желба е да седне на клупата на француската репрезентација, но тоа место ќе се испразни дури по завршување на Мундијалот во Катар кој ќе се одржи во ноември и декември идната година.

Како резервна опција се споменува Брендан Роџерс, но тој не сака да го напушти Лестер на средина од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот