Роналдо и Португалија го стартуваат Европското првенство, Турција против единствениот дебитант

Фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

За разлика од претходните денови денеска на Европското првенство на програмата се два натпревари. Турција ќе игра против дебитантот Грузија, а Португалија во вечерниот термин ќе ја пречека Чешка.

Грузија е единствениот дебитант на ЕП и токму затоа за нив овој ден е историски, првпат ќе играат на едно големо натпреварување. Прва ѕвезда во тимот е Квича Кварацхелија кој сигурно како и своите соиграчи ќе го дадат максимумот да ја изненадат Турција.

Турција има солидна селекција со неколку одлични млади фудбалери, а се издвојува Арда Ѓулер од Реал Мадрид.

Во последниот ден од првото коло стартуваат Португалците кои на ова ЕП ќе бидат предводени од Кристијано Роналдо кој има 39 години. Роналдо заедно со дефанзивецот Пепе (41 година) се двајцата највозрасни играчи на шампионатот.

Португалија има одлична селекција тука се: Леао, Жоао Феликс, Бруно Фернандеш, Мендеш, Кансело…дефинитивно можат  да се надеваат на висок дострел.

Првиот натпревар им носи натпревар против Чешка која последниот натпревар пред ЕП го играше токму против Македонија и победи со 2:1 благодарение на два смнителни пенали. Ќе видиме како ќе изгледаат вечерва против фаворизираната Португалија

18:00: Турција – Грузија

21:00: Португалија – Чешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот