Роналдо го постигна 700 гол во кариерата! (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Роналдо го постигна 700 гол во кариерата! (ВИДЕО)

Португалската фудбалска ѕвезда дојде до ова бројка во дресот на Португалија, Реал, Јунајтед и Спортинг Лисабон...

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо синоќа на гостувањето кај Украина постигна гол за репрезентацијата на Португалија.

Ова беше 700. погодок во кариерата на Роналдо, но за негова жал не беше доволен да се избегне поразот (1:2) од Украинците.

До извонредната бројка Роналдо стигна со 450 голови во дресот на Реал Мадрид, 118 за Манчестер јунајтед, 95 за португалската репрезентација, 32 за Јувентус и пет во дресот на Спортинг Лисабон.

Досега „ЦР7″ има одиграно 973 натпревари, забележано 219 асистенции и 54 пати запишал „хет-трик“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close