Роналдо го најави славјето на Јуве, „топло-ладно“ на Сан Сиро! (ВИДЕО)

фото:твитер

Многу му забележаа на Португалецот дека не е тој вистинскиот во настапите сезонава, непрепознатлив на тренинзите, а дури и се шпекулира(ше) за негово заминување од Торино.

Но, Кристијано Роналдо знае да блесне кога е најпотребно, тоа го докажа пред своите навивачи во натпревар кој го доби Јувентус со 3:1 против Удинезе. Првите два голови на мечот беа негово дело во деветтата и 37. минута, а непосредно пред паузата во листата на стрелците се запиша и Бонучи.

Уште по првото полувреме се решија сите дилеми околу победникот, а гостите успеаја само да го ублажат поразот во самиот финиш од средбата.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој влезе во игра од 87. минута, во единствениот погодок за Удинезе имаше придонес или може да се дефинира како „пола негова асистенција“ во судиското надополнување, топката некако дојде до Пусето кој ја затресе мрежата на Буфон.

Пред Милан е уште една разочарувачка сезона, на својот „Сан Сиро“ одигра без голови против Сасуоло, потоа Болоња триумфираше над Аталанта (2:1), а ремизираа екипите на Верона и Торино (3:3).

Од 18.00 часот Рома на домашен терен ќе игра против Спал, а Интер гостува кај Фиорентина од 20.45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот