Роналдо ги шокира докторите на Јувентус, се врати посилен од карантинот

twitter/Cristiano Ronaldo Motivation

Кристијано Роналдо им пркоси на годините и законите на природата.

Ѕвездата на Јувентус, двомесечната изолација поради пандемијата на коронавирусот не го искористи за одмор, напротив се посвети на својата омилена активност – тренинг, нега на телото и зголемување на физичките капацитети.

Роналдо изолацијата ја помина во родната Мадеира што наиде на критики во италијанската јавност која се надеваше дека тој ќе остане во Торино, но таа остана запрепастена од резултатите од тестовите.

Медицинскиот тим на Јувентус остана шокиран и тоа клубот мораше да го сподели со јавноста, 35-годишниот фудбалер се врати посилен од било кога.

Тестовите покажаа напредок во две категории за кои не се очекува на негова возраст да бидат подобри туку да се намалуваат, тоа се брзината и процентот на мускулна маса во телото.

Cristiano Ronaldo shocks doctors during his first physical tests post-lockdown

Cristiano Ronaldo shocks doctors during his first physical tests post-lockdown ?

Publiée par Oh My Goal sur Mercredi 3 juin 2020

Роналдо на тестот бил побрз во однос на март 2020 година кога се играше Серија А, а заслугите за тоа одат на сметка на неговиот тренинг во Мадеира каде има идеални услови со брда и природни препреки кои му овозможуваат да ги подобри перформансите.

twitter/Cristiano Ronaldo Motivation

Пред паузата беше проценето дека телото на Роналдо има 50% мускулна маса, а тој процент сега е поголем, додека нивото на мастите остана идентично, на седум проценти.

– Недостатокот на тренинг доведува до намалување на мускулната маса, зголемување на мастите во телото и пад на атлетските способноси – вели докторот на Ница, Жан-Пол Жијарди, кој објаснува со какви проблеми се соочуваат спортистите кога доаѓа до ненадеен прекин на натпреварувачкиот ритам сред сезона.

twitter/Cristiano Ronaldo Motivation

Но, со Роналдо тоа не е случај, кој веќе еднаш ги шокира лекарите на Јувентус. Имено, по неговиот потпис за „старата дама“ му беа извршени детални лекарски прегледи и беше проценето дека Португалецот има тело на 13 години помлад спортист.

За време на изолацијата, Кристијано Роналдо го зголеми обимот на тренизни, тој четири часа секој ден возеше статичен велосипед, трчаше на лента, вежбаше во сопствена теретана и редовно пливаше, па воопшто не изненадуваат резултатите на прегледите во Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот