Роналдо ги реши дилемите околу својата иднина: Одите по моето трето Скудето

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Кристијано Роналдо во последните неколку месеци беше мета на шпекулации поврзани со неговата иднина. Медиумите пишуваа дека можна е негоца преселба во САД, поточно во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.
Португалецот постојано молчеше, но по подигнувањето на шампионскиот пехар со Јувентус, ги откри плановите за неговата иднина.

„Среќен сум што освоив две титули од последните девет по ред на Јувентус. Изгледа дека е лесно, но воопшто не е така. Од година во година со талентот, посветеноста и напорна работа можете да ги остварите своите цели и да бидете уште подобри. Одиме по трета титула“, порача Роналдо на својот Инстаграм профил.

Со ова Роналдо стави крај на шпекулациите за неговата иднина, Португалецот и наредната сезона ќе биде дел од италијанскиот шампион.

Кристијано Роналдо е еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња. Со Манчестер јунајтед освои девет пехари, од кои и една Лига на шампиони и три титули во Премиер лигата. Со Реал Мадрид освои дури 15 трофеи, а најсјајни се четирите од Лигата на шампионите и трите од светските клупски првенства. Како фудбалер на Јувентус додега има три трофеи, две Скудета и еден Суперкуп на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот