Роналдо ги помина лекарските прегледи, потпиша двегодишен договор

Португалецот Кристијано Роналдо наскоро во старо-новиот дрес/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Кристијано Роналдо ги помина лекарките прегледи во родната Португалија и потпиша договор со Манчестер јунајтед, пренесува добро информираниот Фабрицио Романо.

Официјално беше објавено во петокот дека 36-годишниот фудбалер ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Во понеделникот беше објавено дека Роналдо ги поминал лекарските прегледи и дека веќе потпишал договор со „црвените ѓаволи“. Романо известува дека соработката била договорена до јуни 2023 година.

Се додава дека платата на Португалецот ќе варира во зависност од бонусите, кои се предвидени со договорот.

Роналдо наскоро треба да добие виза за Велика Британија, а планирано е да се приклучи на тимот по репрезентативната пауза.

Потсетуваме, странските медиуми претходно информираа дека Јунајтед му понудил 15 милиони евра на Јувентус за овој трансфер, со бонуси.

ВИДЕО: Лидс едвај до бод, не го отпишувајте Тотенхем од шампионската трка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот