Роналдо е очаен, сака да си оди од Манчестер јунајтед

Кристијано Роналдо,/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо се чини дека во летниот преоден рок дефинитивно е решен да си замине од Манчестер Јунајтед.

Во изминатиот период постојано се шпекулираше за неговата иднина на „Олд трафорд“ како и дека неговиот агент Жорге Мендеш веќе му бара нов клуб, а сега и самиот фудбалер ги презел работите во свои раце.

Како што пренесува „Тајмс“, Роналдо на новиот менаџер Ерик тен Хаг и на челниците на клубот им порачал дека неговата желба е да си замине во случај да пристигне добра понуда за него.


Реакцијата на Роналдо доаѓа откако неодамна Жорге Мендеш имал средба со новиот сопственик на Челси, Тод Боли кој изразил желба за ангажман на Португалецот.

Претходно, името на Роналдо се поврзуваше и со трансфери во Баерн Минхен, Наполи, Рома и Реал Мадрид.

Роналдо има уште 12 месеци од договорот со Јунајтед, а минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 24 гола во сите натпреварувања, но „црвените ѓаволи“ имаа разочарувачка сезона која заврши без трофеј и на освоено шесто место во Премиер лигата поради што нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот