Роналдо би можел повторно да игра во Премиер лигата

фото: твитер

Инвестициската група од Сингапур, „БНГ“, која сака да го преземе Њукасл, покажува интерес да го донесе Кристијано Роналдо. Последните информации велат оваа инвестициска група испратила понуда од 300 милиони евра за да го преземе клубот.

Еден од најдобрите играчи на светот има важечки договор со Јувентус до 30 јуни 2022 година и според „Трансфермаркт“ моментно вреди 60 милиони евра.

Во италијанските медиуми се шпекулира дека од финансиски аспект поради ситуацијата со Ковид-19, летово можно е „Старата дама“ да се раздели со Португалецот кој има високи плати.

Роналдо со клубот од Торино успеа да ја одбрани титулата во Серија А, во Лигата на шампионите изненадувачки беше елиминиран од Лион во осминафиналето, а загуби и во финалето на италијанскиот Куп од Наполи на нашиот Елиф Елмас.

Минатата сезона во најсилното италијанско првенство португалскиот интернационалец во дресот на Јуве реализираше 31 гол и запиша девет асистенции.

Од претходно има искуство во Англија настапувајќи за Манчестер јунајтед со кој успеа трипати да ја освои Премиер лигата, а во 2008 година се закити и со трофејот во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот