Роналдо бесен како никогаш: Само продолжете да лажете за мене

Кристијано Роналдо е најголемата португалска фудбалска ѕвезда/фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Кристијано Роналдо проговори за сè почестите шпекулации кои се вртат во медиумите околу неговата иднина. По само една година во Манчестер јунајтед постојано се зборува за негово заминување и незадоволство, но тоа не е единственото нешто за што се зборува.

Има доволно критики од навивачите на другите клубови, вклучително и оние во кои тој потенцијално би можел да се пресели, па навивачите на Атлетико Мадрид на пријателскиот натпревар со Нумансија кренаа транспарент на кој јасно му порачаа дека не е добредојден во нивниот клуб.

На тоа реагираше Роналдо кој постави неколку „смајли“ под фотографијата на кој се гледа транспарент со порака „КР7 не е добредојден“, но тоа не беше крајот. Почувствува потреба повторно да зборува, сега поради трансфер шпекулациите.

– Невозможно е да не се зборува за мене барем еден ден. Во спротивно, печатот не би бил заразен. Знаете дека ако не лажете, не можете да привлечете медиумско внимание. Продолжете, можеби еден ден ќе објавите некоја точна вест – вели Роналдо.

На удар беше и Жорге Мендеш, агентот на Португалецот, наводно затоа што толку долго не можел да му најде клуб, а последните во низата преговори ги водел со Спортинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот