Роналдо бара помош: Ја барам жената која ми даваше да јадам

фото: твитер

Кристијано Роналдо неодамна гостуваше во британската телевизиска емисија „Good Morning Britain“ во која емотивно реагираше кога новинарот Пирс Морган му покажа видео со неговиот татко.

„Никогаш не сум го видел ова видео, Простете ми, не очекував дека ќе се расплачам“, изјави емотивниот Роналдо кој откри дека неговиот татко кој бил тежок алкохоличар не доживеа да го види Роналдо на врвот од својата кариера.

Понатаму во интервјуто, Роналдо зборуваше и за тешкото и сиромашно детство и притоа побара од луѓето да му помогнат да ги пронајде жените кои му помогнале да не остане гладен во моментите кога немал пари и не можел да си дозволи да си купи храна.

– Имав 12 години и бев без пари. Живеев со другите играчи кои ми беа врсници од цела Португалија. Навистина ми беше тешко без семејство. Се сеќавам дека имаше Мекдоналдс во кој добивавме остатоци од сендвичите кои не беа продадени. Во него работеше една жена, се викаше Една и уште две девојки. Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ги пронајдам, сакам да ги повикам во Лисабон или во Торино на вечера и да им „вратам“ за се шти направија за мене. Никогаш нема да ги заборавам – рече Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот