Роналдињо со трансфер во клубот на Марадона!?

фото: твитер

Бразилската легенда нема професионален настап уште од 2015 година, но можно е наскоро да направи трансфер во екипа која од клупата го доби славниот Диего Марадона.

Аргентинската „Марка“ објави информација за потенцијална соработка помеѓу Марадона и Роналдињо, кој размислува да се активира од пензијата.

Марадона од минатата година го води составот на Химнасија Ла Плата, посакува во својот состав да го Роналдињо.

Роналдињо не игра фудбал професионално од 2015 година кога беше член на Флуминенсе, но многу поголем проблем што стои на патот на оваа соработка е што тој сè уште е во куќен притвор во Парагвај.

Потсетување дека заедно со неговиот брат беа уапсени на 5 март за употреба на лажен пасош, но по 33 дена тој беше ослободен со кауција и оттогаш е во куќен притвор, а целиот процес е прилично бавен поради епидемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот