Роналдињо проговори за времето поминато во притвор

EPA/Ahmed AlFardan

Фудбалскиот свет беше во шок кога јавноста дозна дека Роналдињо ќе заврши во затвор.

Бразилецот беше уапсен на аеродромот во главниот град на Парагвај, Асуснсион бидејќи влегол во државата со фалсификувани документи.

Интересно е што неговиот адвокат го бранеше со интересна реченица: „Тој е будала, не знаеше што прави“, а на крајот успеа да го извади од затвор.

Откако беше платена кауцијата, Роналдињо и неговиот брат на 8. април излегоа од затвор и завршија во домашен притвор и тоа во хотел во Асунсион.

– Тука сите се однесуваат добро кон нас, мирни сме но ова беа долги 60 дена. Спортуваме, имаме теретана, но мислам дека ова е едно компликувано доживување во животот кое засекогаш ќе го паметам. Луѓето не можат да замислат како е кога не можеш да работиш тоа што сакаш – вели Роналдињо за „Мундо Депортиво“.

За време на неговото отслужување на казната во Парагвај му се јавија многу поранешни соиграчи, а меѓу нив беа и неколкумина од Барселона.

– Барселона отсекогаш со мене се однесувала со голем респект. Моите поранешни соиграчи како Карлес Пујол и Роналдо ме познаваат многу добро и знаат дека ова не беше добар период за мене. Нивните зборови ми даваа сила, како и поддршката да издржам овој период – додаде Роналдињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот