Роналдињо наскоро ќе се спаси од куќен притвор, но повторно ќе биде под лупа на судските власти поради перење на пари

фото: твитер

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се наоѓа пред крај на четиримесечниот куќен притвор поради лажниот пасош со кој се обиде да влезе во Парагвај.

Бразилецот и понатаму е во Парагвај, во куќен притвор заедно со својот брат Роберто Асис кој исто така на 5. март со лажен пасош се обиде да влезе во оваа јужноамериканска држава.

Тие се наоѓаат во куќен притвор откако платија кауција од 1.5 милиони долари, но наскоро ќе се најдат на нова истрага на парагвајските власти поради перење на пари. Парагвајското обвинивителство веќе ја отвори истрагата, но поранешниот фудбалер на ПСЖ, Барселона, Милан, заедно со својот брат можат привремено да се најдат на слобода, но нема да им биде дозволено да го напуштат Парагвај.

– Мислам дека ова е нешто што ќе остане со нас, ќе остави голем белег кои поминуваме низ вакво комплицирано искуство. Се надевам дека сево ова наскоро ќе се реши и сите ќе можеме да одиме во своите домови бидејќи знам дека не сум направил ништо што е спротивно на законот– изјави неодамна Роналдињо.

Роналдињо беше цел на истрага и на бразилските власти поради неплаќање данок во висина од речиси два милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот