Роналдињо ја призна вината и ќе може да се врати во Бразил

фото: твитер

Легендарниот бразилски фудбалер конечно може да се врати во својата татковина.

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Барселона, Милан, изминатите неколку месеци ги помина во Парагвај каде заедно со својот брат Роберто Асис заврши дури во затвор бидејќи влегоа во оваа држава со фалсификувани пасоши.

Сепак, нивните адвокати успеаја да се договорат со обвинителството на Парагвај, Роналдињо и неговиот брат да ја признаат вината и наскоро ќе излезат од затвор. Парагвајскиот јавен обвинител побара затворање на истрагата против Роналдињо и Роберто Асис и во консултација со судијата го закажа последното сослушување по што славниот фудбалер и неговиот брат, конечно ќе можат да го напуштат Асунсион каде моментно се наоѓаат во домашен притвор.

За да се случи ова, Роналдињо и Роберто Асис кој му е менаџер, мораа да ја признаа вината дека во Парагвај влегле со лажни пасоши и за тоа ќе мора да платат парична казна во висина од 200.000 долари.

Роналдињо притоа успеа да се спаси и од уште една работа, нема да му биде отворено криминално досие и ќе може слободно да патува низ целиот свет, додека неговиот брат во наредните две години нема да смее да го напушти Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот