Роналд Куман во болница поради проблеми со срцето

twitter/Barça Watch

Селекторот на Холандија е во стабилна состојба по укажаната медицинска интервенција..

Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Роналд Куман (57) беше примен во болница поради проблеми со срцето, јавуваат тамошните медиуми.

Неговата состојба сега е стабилна по укажаната медицинска интервенција според неговиот агент Роб Јансен.

Тој беше пренесен во болницата во неделата, откако не се чувствуваше добро – рече неговата сопруга Батрина за „Де Телеграф“.

Таа додаде дека му помогнал на Роналд најбрзо што може, дека немаше компликации и дека треба да биде ослободен во текот на утрешниот ден..

Агентот на Куман, Јансен, откри за холандскиот „nos.nl“ дека неговиот клиент чувствувал болка во градите додека возел велосипед и бил итно префрлен во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот