Роналд Куман го откри најлошиот момент како тренер на Барса

Заминувањето на Лионел Меси од Барса е најлошиот момент за Роналд Куман/Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави денеска дека му „мака од тоа што мора постојано да се брани“, осврнувајќи се на лошите резултати на клубот и изјави дека тој и натаму е тренер на тимот од „Камп Ноу“.

Куман на прес-конференцијата се појави насмеан и покрај шпекулациите дека ќе добие отказ, по серијата од два порази во Лигата на шампионите и слабите резултати во шампионатот.

– Уште ништо не ми кажаа од клубот. Слушнав дека претседателот на клубот беше на тренинг центарот во утринските часови, но јас не го видов – рече Куман.

Дел од шпанските медиуми објавија дека Куман ќе биде отпуштен во сабота навечер по натпреварот со Атлетико Мадрид, без оглед на резултатот. Холандскиот стратег не сакаше да одговори на прашањето за неговиот однос со претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

– Засега останувам. Не сум најважниот. Позитивен резултат е поважен од една личност. Сите знаат дека сум тука затоа што го сакам клубот. Се согласив да дојдам во многу комплицирана ситуација. Мака ми е што морам да се бранам постојано. Нема смисла. Денес нема, но еден ден ќе сакам да кажам сè што мислам за сето ова. Искрено, работите може да бидат подобри – додаде Куман.

Тотална катастрофа: Куман засега е сигурен на клупата бидејќи Барселона има само 2.9 милиони евра за нов стручен штаб

Новинар го праша за најдобриот и најлошиот момент во Барселона, еве што одговори Холанѓанецот:

– Најдобриот беше кога потпишав и станав тренер на Барселона, а најлошиот заминувањето на Лионел Меси – беа зборовите на Куман.

Барселона ќе игра против Атлетико во Мадрид в сабота од 21.00 часот во шпанската „Ла Лига“, а Куман нема да биде на клупата поради суспензија од два натпревари која ја доби после црвениот картон добиен на мечот со Кадиз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот