Рон Џонсон: Србија и Косово треба да земат пример од Северна Македонија и Грција како се постигнува договор

Лидерите на Србија и Косово треба да сфатат дека од најдобар интерес за нив е да ги oстават разликите зад себе и да постигнат договор по углед на Грција и Северна Македонија.

Ова денеска во интервју за Гласот на Америка на украински јазик го изјави сенаторот Рон Џонсон, републиканец од Висконсин и претседавач на сенатската Комисија за надворешни работи.

– Постигнувањето договор е уште потешко зашто двете земји бараат поголема американска ангажираност. Ја ценат помошта од Европејците, но бараат поголемо американско влијание. Мислам дека сме способни да им помогнеме, но не и да им наметнеме решение, изјави Џонсон.

Според него, обете страни може да сметаат на поддршката од Америка и Европа, откако постигнат договор, со кој треба да ги убедите жителите на Косово и Србија за неговата корист.

-Земете го примерот со Грција и сега, Северна Македонија, чии жители не беа среќни од меѓусебен договор. Затоа беше потребна политичка храброст за таков договор, што на крајот, беше историски ! Двете земји преговараа заткулисно многу месеци за да стасаат до договор, истакна сенаторот.

Додаде дека токму тоа треба да им се предочи на Србија и Косово.

– Во нивни заеднички интерес е понатамошна европска интеграција и економска слободна зона и пристап до успешните економии. Не треба да се „продава” евентуалниот договор, туку бенефициите од него и надминувањето на проблемот, истакна Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот