Рон Џонсон: Србија и Косово треба да земат пример од Северна Македонија и Грција како се постигнува договор

Лидерите на Србија и Косово треба да сфатат дека од најдобар интерес за нив е да ги oстават разликите зад себе и да постигнат договор по углед на Грција и Северна Македонија.

Ова денеска во интервју за Гласот на Америка на украински јазик го изјави сенаторот Рон Џонсон, републиканец од Висконсин и претседавач на сенатската Комисија за надворешни работи.

– Постигнувањето договор е уште потешко зашто двете земји бараат поголема американска ангажираност. Ја ценат помошта од Европејците, но бараат поголемо американско влијание. Мислам дека сме способни да им помогнеме, но не и да им наметнеме решение, изјави Џонсон.

Според него, обете страни може да сметаат на поддршката од Америка и Европа, откако постигнат договор, со кој треба да ги убедите жителите на Косово и Србија за неговата корист.

Прочитајте и...  ОФИЦИЈАЛНО: Потврден првиот случај на коронавирус во Македонија

-Земете го примерот со Грција и сега, Северна Македонија, чии жители не беа среќни од меѓусебен договор. Затоа беше потребна политичка храброст за таков договор, што на крајот, беше историски ! Двете земји преговараа заткулисно многу месеци за да стасаат до договор, истакна сенаторот.

Додаде дека токму тоа треба да им се предочи на Србија и Косово.

– Во нивни заеднички интерес е понатамошна европска интеграција и економска слободна зона и пристап до успешните економии. Не треба да се „продава” евентуалниот договор, туку бенефициите од него и надминувањето на проблемот, истакна Џонсон.

Прочитај повеќе

Шест деца позитивни на коронавирусот во Италија

Слободен печат

Ветер, грмотевици и град во Словенија и Хрватска

Слободен печат

Во Иран приведени 24 лица поради ширење гласини за новиот коронавирус

МИА Агенција

Рио се тресе, ама не од коронавирусот

Слободен печат

Димитров од Чешка: Силна поддршка за земјава за почеток на пристапните преговори со ЕУ

Слободен печат

Сандерс и по дебатата во Јужна Каролина останува пред своите конкуренти

МИА Агенција

1 comment

ристески к 13/09/2019 - 09:51 at 09:51

ФАШИСТИЧКО БАНДИТСКИТЕ ДЕЛА НА АМЕРИКА ИЗЛЕГУВААТ НА ВИДЕЛИНА!? треба да се застрамите што направивте таков злостор врз МАКЕДОНИЈА а вие се гордеете со ЗЛОСТОРСТА типично фашистички ајде ваша КАЛИФОРНИЈА да ја преименуваме и да ја поделиме со МЕКСИКО Па тогаш да видете колку боли а вака вршите експерименнтски геноцит врз малите нации да ги направите штопомали и да ги уништите за да можат вашите дрогирани војници полесно да се обучуваат во такви земји ,, непостоечки без име и нација”?? овај фашист треба да знае!!! !! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГЛАСАШЕ ПРОТИВ ОВАЈ ДОГОВОР И НЕМА НИКОГАШ ДА СЕ ПОЧИТУВА вие само правите проблеми да си имаат работа вашине дрогирани кучишта РЕФЕРЕНДУМ НЕУСПЕШЕН знаеш што е тоа направивте ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНИЈА ?

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Курти нема намера да ги испраќа безбедносните сили на северот на Косово

МИА Агенција

Почина Неџмије Хоџа, сопругата на Енвер Хоџа

Слободен печат

Спасовски: Нема да ги одложуваме манифестациите, ќе ги следиме препораките на Кризниот штаб

Албанија: 13 сомнителни случаи за коронаврус – сите негативни

Слободен печат

Големи инциденти на грчките острови Лезбос и Хиос, над 60 повредени

Слободен печат

Д-р Караџовски: Едно позитивно лице не значи ризик за населението, медицинските служби се подготвени

МИА Агенција