Ромпеј: Се надевам дека ЕУ ќе ја награди политичката храброст на Македонија

Фото: Принтскрин

Поранешниот претседател на Европскиот совет и премиер на Белгија Херман ван Ромпеј денеска од Белград порача дека клучот на просперитетот не се наоѓа ниту во Пекинг, ниту во Москва, ниту во Анкара, туку во Брисел.

Истакнувајќи дека косовското прашање е клучно на патот на Србија кон евроинтеграциите, Ван Ромпеј изрази очекување дека тој проблем ќе биде решен кога ќе се врати довербата, како што беше случајот со  Македонија.

Според него, спорот за името бил решен благодарејќи на довербата и храброста на двајца лидери.

– Навистина се надевам дека ЕУ ќе ја награди политичката храброст. Кога имаме доволно доверба можно е да се надминат емоциите и ирационалните моменти и да се постигне договор – истакна Ван Ромпеј, кој учествува на конференција во Србија.

Тој уште потенцираше дека мир ќе постои кога сите држави од поранешна СФРЈ ќе станат дел од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот